Челниците на фармацевтските компании кои во четвртокот во Европскиот парламент говореа за испораките и зголемувањето на капацитетите производство на вакцините против коронавирус во Европската унија се соочија со жестоки критиките од европарламентарците поради непочитувањето на роковите и договорените количества од вакцините.
Членовите на Комисијата за јавно здравје (ENVI) и на Комисијата за индустрија и истражувањето (ITRE) при Европскиот парламент во четвртокот го одржаа сослушувањето со челниците на фармацевтските компании кои учествуваат во развојот, производството и распределбата на вакцината против Covid-19 а со кои Европската унија потпиша договори или склучи прелиминарни спогодби за набавка на вакцините.
Европарламентарците во дискусијата инсистираа на јасност во роковите за испораките на вакцините, и почитувањето на договорите на произведувачите на вакцините со државите членки.
Претставниците на сите компании кои учествуваа на сослушувањето: „Pfizer“, „Moderna“, „AstraZenecа“, „Johnson&Johnson“, „Novavax“, „CureVac“ и „Sanofi“, го истакнаа проблемот со бавноста на Европската агенција за лекови (ЕМА) којашто ги одобрува вакцините.
Паскал Сорио, извршниот директор на „AstraZeneca“, изјави дека тешкотиите во испораката се привремени.
„Брзо ја развивме вакцината и со гордост им ја испорачавме на милиони луѓе“, рече и додаде дека „моменталните потешкотии во испораките се само привремени“, и дека ги вложуваат сите напори да ги надминат. Како една од причините од доцнењето ја наведува комплексноста во производството.
Глобалната иницијатива за дистрибуцијата вакцините Covax ја пофали Стефан Банцел од „Moderna“ говорејќи дека борбата против коронавирусот е вистинска тимска работа.
„Во Европа немавме активности пред една годиниа, а денес таму исппорачуваме милиони дози. Секога доза во оваа пандемија е клучна и штом и една доза биде произведена, веднаш и се испорачува“, рече Бансел истакнувајќи дека е горд на соработкта со државите членки на ЕУ.
Во ЕУ би требало да пристигнат 405 милиони дози од вакцината на германската компанија „CureVac“, но оваа вакцина сѐ уште не е одобрена од ЕУ.
„Основани сме во 2000 година, но меѓу првите тргнавме со развојот на новата вакцина која е на база на молекула на рибонуклеарна киселина. Се прилагодуваме со нови соеви на вирусот, целта ни е тие да бидат направени во рок од половина година“, појасни Франц-Вернер Хаас, директорот на компанијата „CureVac“.
„Имаме 20 европски партнери за производство на вакцината што е клучно, имајќи предвид дека не знаеме колку оваа пандемија ќе трае и дали можеби ќе стане сезонска болест“, изјави Хаас и напомна дека набрзо ќе објават резултатите од истражувањата на британскиот и на јужноафриканскиот сој на вирусот правени на животните кои се, како што кажа, се ветувачки за вакцината на „CureVac“.
Во расправата учествуваше и Стан Ерк, директорот на „Novovax“, кој се фалеше со постигнувањето на своите фармацевтските компанија истакнувајќи дека производството ќе биде проширани во некои европски земји, благодарејќи на погоните на оваа американска компанија. Во ЕУ, според претходниот договор, ќе се испорачаат 100 милиони дози од вакцинатата „Novavax“.
Но европратениците не покажаа премногу разбирања за објавснувањата на челниците на фармацевтските компании.
За исполнувањето на договорените обврски го прашаа Сорио од „AstraZeneca“ на што тој рече дека индустријата работи со полна пареа, но дека сево ова за нив е ново па сѐ уште учат иако за такво нешто немале многу време. Поради таквиот одговор финската европратеничка Силвија Модиг го псоредни Сирио со сапун, тврдејќи дека „никако не може да се фати“.
Во речиси четиричасовната дискусија, во вториот дел зборуваа уште четворица произведувачи на вакцината. Пол Стофелс од „Johnson&Johnson“ изјави дека неговите индустриски погони постојано се зголемуваат.
„Соработка, којашто ја работиме на повеќе континенти, ќе бидат клучни за да се забрза произведство на вакцината во целиот свет. Истражувањата покажаа дека нашата вакцина со месеци е стабилна на температура од 2 до 8 Целзиусови степени“, рече Стофелс.
Ангела Хванг од компанијата „Pfizer“ истакна дека нејзината компанија прва започна да ја испорачува вакцинат, и дека во моментов е достапна во 64 земји во светот.
„Имаме најдобра дистрибуциска мрежа и во соработка со BioNTech и другите компании, коишто како партнери ги баравме од самиот почеток на пандемијата, дојдовме до тоа први да ја испорачуваме вакцината против коронавирусот вво целиот свет“, рече Хванг.
Додаде дека целта им е да произведат две милијарди дози од вакцината во текот на оваа година, а од тоа дури 70 отсто ќе бидат прозведени во Европа. „Потребни ни се сто дена вакцината да ја прилагодиме на новиот сој на вирусот“, додаде Хванг.
Исправно е дека Европската комисија да се фокусира на новите соеви на вирусите за што поскоро да се олабават епидемиолошките мерки, истакни Тома Триомпф од компанијата „Sanofi Pasteur“.
„Нашата вакцина ќе биде успешно против новите соеви за што е потребно извонредна политичката волја и вложувањето во истражувањето“, рече Триомпф. Во ЕУ треба да стасаат 300 милиони дози од вакцината на „Sanofi Pasteur“ којашто сѐ уште е во развој и наидува на тешкотии.
Поголемата транспарентност, наведе Сури Мун од „Global Health Centre“ во Женева, би требало да биде една од главната спојка на зголемувањето на производните на капацитетите на вакцините.
Најмногу прашањата беа упатени до Ангела Хванг на коишто поедини европратеници ѝ забележуваа за тоа што нејзината компанија не се откажа од делот на профитот, бидејќи вакцината делумно се развиваше со јавни пари однапред платени, како и дека затоа што не го споделиле своите патенти со другите за да се зголеми производство „во имато на јавното здравство“.
Таа само одговори дека и натаму работат на подобрување на вакцината којашто, доколку бидат успешни истражувањата, ќе може да се чува на температура од минус 20 Целзиусови степени.
Расправата ја следеа и еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон и еврокомесарката за здравје и безбедност на храната Стела Кијркаидес. Бретон подоцна рече дека е задовелен од дискусиите и најви дека Европа за една година би можела да произведе 2,5 милинарди од вакцианта против коронавирусот.
„На тој пат мораме да ја помогнеме фармацевтската индустрија, за да ги зголеми производните капацитети“, заклучи еврокомесарот Бретон.
Европскиот парламент досега организираше неколку дебати во комисиите и на пленарни седници за различните аспекти на Стратегијата на ЕУ за вакцинирање против Covid-19. Во текот на последната пленарна седница на 10-ти февруари, претениците истакнаа дека ЕУ мора да ги продолжи заедничките напори во борбата против пандеијата и да се преземат итни мерки за зголемување на производството на вакцините и на тој начин да се исполнат очекувањата на граѓаните.