Доколку им робувате на цигарите и никако не можете да ги оставите и покрај тоа што кашлате, тогаш треба почесто да консумирате производи што може да ви ги исчистат белите дробови и да ви помогнат полесно да дишете.
Може да ви помогнат некои чаеви, но пред се чајот од свеж ѓумбир, или од борови иглички или од коприва, што можете да ги јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко, затоа што содржат моќен антиоксиданс селен, а се препорачува консумирање јајца и житарки.
Кочанот пченка е полн со бета-криптоксантин, што докажано ги штити белите дробови од карцином, затоа што се однесува како моќен антиоксиданс. Ако воопшто е возможно, набавете природна, органски одгледана пченка. Слично дејствие имаат и портокалите.
Кромидот и лукот поради нивниот состав имаат антиканцерогено дејствие. Истражувањата покажаа дека кај лицата со карцином, што редовно консумираат ваков зеленчук се спречува создавањето на нови ќелии на туморот. Секако, непријатниот здив е неизбежен, но помислете и на мирисот на чад во устата и на облеката, па кромидот нема да ви делува толку неподносливо.