![peleti-585x342](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/peleti-585x342.jpg?resize=585%2C342&ssl=1)
ДДВ то на пелети да си остане 5%. Ако се зголеми на 18 отсто – ќе значи сериозен удар врз џебот на 50 илјади домаќинства кои се греат со овој енергенс. Пелетите се еколошки ефикасни, велат од Зружението на производители и увозници кои не се согласуваат со изјава на министерот за финансии, дека ДДВ мора да се зголeми за да инвестираат корисниците кон загревање кое помалку загадува. За да ги образложат своите аргменти, од Здруженеито побарале средба со сите пратеници, но ги примила само опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, со амандамни ќе побараат да се врати ДДВ на 5 отсто. Ако вицепремиертот Битиќи ја најави ваквата можност, тогаш нека останат доследни и да не го менуваат ставот, велат од опозицијата.
Со европско знамнеце, по брза постапка, Владата сака да ги донесе Солидарниот данок, данокот за зголемено ДДВ кај пелетите и луксузните производи. Комисиската расправа за еден закон трае по 3 дена, што би значело дека до крајот на месецот би стапиле на сила.