![eles slovenija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/eles-slovenija.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија (ELES).
„Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се смират тие околности, тие ќе бидат исклучително високи, а во преодниот период би можеле да се зголемат два до трипати“, вели Мервар.
Додаде дека засега нема индиции дека би можело да има намалување на испораките на електрична енергија, иако Словенија веќе не произведува доволно електрична енергија, туку сè повеќе е зависна од увозот.
„Производството на електрична енергија во Словенија во првите пет месеци од оваа година беше на историски најниското ниво“, вели Мервар додавајќи дека поради одржливоста на системот, земјата во тој период речиси цело време била зависна од увезената електрична енергија поради ниските водостои на реките на кои се домашните хидроцентрали.