Производството на електрични автомобили бара 40 отсто помалку работни места отколку за производство на возилата со мотори со внатрешно согорување, иако дел од работните места може да се сочуваат со производство на повеќе делови во рамките на компаниите, изјави челникот на американскиот автомобилски гигант „Ford“.
„За изработка на електричен автомобил потребно е 40 отсто помалку работа, па мораме самите да ги произведуваме деловите за сите да може да бидат вклучени во растот“, изјави Џим Фарли за Rainbow Push Coalition на конференцијата за автомобилизмот во Детроит.
Електричните возила имаат помалку делови од традиционалните. Американскиот синдиката United Auto Workers, кој претставува околу 400.000 работници, потсетува дека уште во 2018 година проценил дека преминувањето на електричните возила би можело да подразбира и гаснење на 35.000 работни места.
Во август годинава „Ford“ отпушти 3.000 постојано вработени и работници со договори на одредено време, тврдејќи дека неговата структура на трошоците не е конкурентна во споредба со оние на другите произведувачи. На крајот од минатата 2021 година, вработувал 183.000 работници.
„Мораме да покренеме и цел нов синџир за снабдување со батериите, моторите и електроника, со уште поважната улога на диверсификација на изворите на набавка“, истакна Фарли.
Во „Ford“ сакаат до 2030 година да обезбедат половина од уделот во глобалниот пазар на електричните возила. Во октомври известија дека за повеќе од двојно ја зголемиле продажбата во однос на минатата година.
Произведувачите на автомобили периодов ги менуваат синџирите за набавките и се фокусираат главно на производството на батериите, најважната компонента на електричните возила. „Ford“ неодамна ги здружи силите со произведувачот на батерии „SK Innovationom“ во градењето фабрика за батерии во САД. Другиот американски автомобилски гигант „General Motors“, пак, се здружи со компанијата „LG Chem“.
Кон крајот на октомври американскиот претседател Џо Бајден најави 2,8 милиони долари за домашните произведувачи на батерии за електричните возила и за електричната мрежа. Во план е и замената на материјалите и деловите од увоз за домашните производители. Бајден, исто така, ја покрена „Американската иницијатива за батериски материјали“ која би требало да ги зајакне клучните синџири за снабдување.
Се очекува дека финансирањето на избраните проекти во САД ќе го поткрепи вадењето доволни количества литиум за снабдување со батерии на приближно два милиона електрични возила годишно.