Продолжува трендот на намалување на домашното производство на млеко, а се намалува и бројноста на говедата и овците кои се одгледуваат во нашата земја.
Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои утврдиле дека производството на млеко од крави во 2023 година се намалило за повеќе од 25 проценти, додека бројот на говедата во Македонија се намалил за скоро десет проценти во споредба со 2022 година.
За разлика од говедата и овците, кај свињите, козите и живината има пораст на бројноста на пребројаните примероци.