Во февруари годинава капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведоа вкупно 504.338 MWh електрична енергија и споредено со февруари 2022 година преставува зголемување за 80%. Во првите два месеца од оваа година вкупното производство на електрична енергија од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино изнесува 1.065.689 MWh и споредено со истиот период во 2022 година преставува зголемување за 49%, соопштија од компанијата.
Во февруари, АД ЕСМ, во услови на криза, успеа да постигне ново рекордно дневно производство во последната деценија. На 12 февруари АД ЕСМ во своите капацитети произведе 22.933 MWh електрична енергија што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето на АД ЕСМ во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата.
Позитивните резултати во работењето во 2023 година се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, како и подобрената хидрологија.