Промена на временската прогноза

Оваа среда временската прогноза од претежно ведро утро, сончево претпладне во некои краеви, напладне ќе донесе силен ветер од северен правец кој ќе биде најинтензивен во повардарието, штипскиот  и овчеполскиот регион а на моменти ќе има брзина и над 80 km/h.

Продорот од север ќе донесе и позначајна облачна маса која релативно бргу ќе се преместува од север кон југ а можни се и локални слаби дождови.

Помеѓу 4°С и 8°С утрински температури , додека дневната максималната ќе достигне вредности помеѓу 16°С и 19°С во котлините а долж повардарието и на југоисток ќе има вредност помеѓу 20°С и 23°С.

Во Скопје се очекува облачност која ќе се зголеми доцна попладне , а повремено ќе дува силен северен ветер . Максималната температура денес ќе достигне до 20°С а утринската ќе се движи околу 5°С.