Променет сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

АМСМ информира дека компанијата „Виадукт Трејд“ денеска ќе започне со изведување на градежни активности на дел од улица  “Ѓорче Петров” од крстосница со булеварот „Кузман Јосифовски Питу” до бензинската станица „Макпетрол“, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од десет дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).