Грчкиот премиер, Андонис Самарас, денеска се очекува да соопшти за промената на коалициската Влада. Клучен елемент во промените ќе биде досегашниот министер за финансии, Јанис Стурнарас, кој ќе се пресели на гувернерската функција на Центалната банка на Грција.
Промени и рокади се очекуваат и во министерствата за здравство, развој, административни реформи и внатрешни работи.
Министрите за туризам, надворешни работи и одбрана, се зборува дека ќе ги задржат своите ресори.