Цените на нафтата денеска биле на различно ниво, во очекување на новиот пад на американските резерви, што укажува на добрата побарувачка во земјата која е најголем светски потрошувач на нафта.
Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во јануари поскапе на Трговската берза во Њујорк за 15 центри на 97,37 долари по барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во февруари, на пазарот во Лондон, чинела 108,42 долари, односно за два центи помалку.
„Се предвидува дека американските резерви се намалиле за околу три милиони барели минатата недела им пружаат поттикнување на цените на нафтата“, изјавил Кени Кан, пазарен аналитичар.