
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи.
Макисмалната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 37 степени.
До вторник претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Од среда следи период на стабилно, не особено топло и суво време.