![vreme dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/vreme-dozd.jpg?resize=647%2C441&ssl=1)
Во сабота ќе се задржи топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Од недела до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура.
На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопшти УХМР.
Минималните температури ќе бидат во интервал од11 до 22, а максималните дневни ќе достигнат до 37 степени.