Променливо облачно

Во Македонија во понеделникот ќе преовладува променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите во текот на денот ќе се движат во опсегот меѓу 9 и 13 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Температурата ќе достугне до 6 степени.