Работната седмица ќе започне со променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.
Утринските температури се движат во интервалот од 9 до 17, додека максималните дневни соодветно меѓу 16 и 27 Целзиусови степени
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Температурата ќе достигне до 25 степени.