Работната седмица ќе заврши со променливо облачно и нестабилно време, проследено со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.
Утринските температури се во интервалот од 10 до 18, а максималните дневни температури соодветно ќе бидат од 16 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 23 степени.