Времето во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи.
Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура е во интервалот од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 Целзиусово степени. со вредност на УВ индексот 7
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната утринска температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 Целзиусови степени.
И во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.