
Синоптичарите најавуваат за денеска променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.
– Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст, соопштуваат од УХМР.