Променливо облачно и постудено, наместa со снег

На крајот од седмицата во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време, на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 m/h).

Утринските температури се движат од минус 6 до 2, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.