Променливо облачно и посвежо 

Во саботата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч.).

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 8 и 18, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 13 и 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 23 степени.