Променливо облачно и посвежо време со засилен ветер, температурите до 28 степени

Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а
максималната од 21 до 28 степени.