Променливо облачно и потопло

Во четвртокот претпладне има појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено од пладневните часови и со слаб променлив ветер.

Утринските температури се движат од минус 2 до 5, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во опсегот меѓу 4 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променлив облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Темпертаурата ќе достигне до 10 степени.