Променливо облачно и релативно топло, кон крајот на денот дожд

Во недела во земјата ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време, кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе се прошират и локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час.

Утринските температури достигнаа меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот од 10 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со засилен југоисточен ветер, со максимална температура до 20 степени. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.