Променливо облачно и релативно топло со локални врнежи од дожд

Времето во саботата во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималните температури ќе се движат во интервалот од 9 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер. Максималната дневна тепература ќе се искачи до 14 степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.