![oblacno 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/oblacno-01.jpg?resize=696%2C410&ssl=1)
Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне има појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 2 до 4, додека највисоките во текот на денот ќе бидат соодветено во опсетот меѓу 7 и 14 Целзсиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Температурата ќе достигне до 13 степени.