Променливо облачно, максималната температура до 16 степени

Времето во Македнија во понеделникот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Утрово во источните делови сѐ уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната утронска температура се движи во интервалот од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на Новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност. сст/дма/