Времето во четвртокот во Македонија ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 6 до 14, а дневните ќе бидат во интервалот меѓу 11 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19-от степен.