Времето во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе има вредност 5.
Утринската температура се движи во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните дневни ќе се искачат од 23 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде облачно се услови за пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Утринската температура се искачи до 17-от а максималната дневна ќе достигна до 30 Целзиусови степени.