
Во вторникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 5 до 2, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во опсегот меѓу 1 и 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно од пладневните часови претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со највисока температура до 10 степени.