Променливо облачно, наместа пороен дожд и грмежи

Во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури се движат од 0 до 8, додека преку ден ќе бидат во интервалот меѓу 3 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата до 14 степени.