Во Македонија во недела ќе биде променливо облачно време, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе има вредност 7.
Минималните температури се движат во интервал од 12 до 19, а максималнаите ќе бидат соодветно та од 24 до 31 Целзиусов степен.
И во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе достигне до 28 степени.