Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. UV индексот ќе има вредност 7.
Утринските температури се движат од 12 до 19, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 21 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Температурата ќе достигне 29 степени.