Променливо облачно, попладне дожд

Во понеделникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 0 до 7, додека максималните ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.