Променливо облачно, попладне и ноќта повремен дожд

Во петокот на територијат на Македонија ќе биде Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).

Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Утринските температури се движат меѓу минус 3 и 4, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.Темепратурата ќе достигне до 12-от степен.