Променливо облачно, попладне локално со пороен дожд и грмежи

Во Македонија во неделата ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 8 до 16, додека максималните соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 17 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 26 степени.