
Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Утринските температури се движат од 11 до 20, додека максималните соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 26 и 34 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе достигне до 34 степени.