Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд

Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи.  Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринските температури се движат меѓу 0 и 5, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 8 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 16 сепени.