Времето во Македонија во четвртокот ќе биде малку посвежо, особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град.
Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.
Утринската температура е движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Веќе во петок ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата.
Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.