Променливо облачно, претпладне повремени врнежи од дожд и снег

Во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 km/h).

Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 1 и 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 2 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.