Променливо облачно, претпладне со појава на магла

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне по одделни котлини  има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура се движи во интервалот од  минус 4 до 3, а максималната од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени.