Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини

Во четвртокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се во интервалот од минус 4 до 3, додека максималните дневни соодветно ќе се движат меѓу 5 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени.