Променливо облачно со куси сончеви периоди

По појавата на магла и ниска облачност рано претпладнето по одделни котлини, во продолжението од денот ќе преовлдадува променливо облачно време со кратки сончеви периоди.

Кон крајот на денот, прво во западните а во текот на ноќта и во југоисточните делови, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од минус 1 до 5, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.