Променливо облачно со локален слаб дожд

Во понеделниот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат во интервалот од минус 2 до 5, додека максималните дневни соодветено ќе бидат од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 13 степени.