Во понеделникот во Маќедонија ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.
Утринската температура е меѓу 11 и 20, додека највисоката во текот на денот соодветно ќе биде од 24 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, доцна попладне а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 33 степени.