
Времето во четврток во Македонја претпладне ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура се движи во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.