Времето во средата во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата.
На некои места врнежите ќе бидат проследени и со ретки грмотевици. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Наутро температурата се движи во интервал од 4 до 9 степени, а дневната од 11 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер, со максимална температура од 11 Целзиусови степени.