Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. Вредноста на ултраввиолетовото зрачење (UV) ќе биде 6.
Утринските температори се движат во интервалот меѓу 14 и 21, додека соодветно максималните дневни ќе се движат од 22 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска, исто така, ќе преовладува променливо облачно време, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 31 степен.