Во средата во Македонија ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат меѓу 4 и 12, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот од 11 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 18 степени.