Променливо облачно со повремен дожд, благ раст на температурата

Денеска ќе преовладува променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови од земјата ќе се задржи облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6 а максимумот од 9 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и коколината ќе имаме променливо облачно време, во утринските часови со повремени врнежи од дожд а попладне со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени.