Променливо облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето во Македонија во средата ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а наповисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура е во интервалот од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со повисоки дневни температури, особено во сабота. Во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.